1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови потреси на земјиштето во Италија

Спасувачките екипи во Италија и денеска трескавично трагаат по евентуални преживеани по земјотресот во градот Аквила и неговата околина. Вкупниот број жртви досега изнесува 179, но се стравува дека бројката ќе расте.

default

И ноќеска траеше битката за спасување на преживеани

Повеќе од 100 лица досега се извлечени од остатоците на станбените објекти во најтешко погодениот град Аквила и неговата околина. Тие и другите 1.500 повредени лица добија прва помош на отворено во импровизирани услови, бидејќи Универзитетската клиника во Аквила е затворена поради опасност од уривање. Во другата болница во градот се користи само една операциона сала, а останатите потешко повредени се префрлаат со хеликоптер во соседните градови.

Erdbeben in Italien

Земјотресот остави пустош

Вонредна состојба во погодениот регион

Премиерот Силвио Берлускони прогласи вонредна состојба во регионот на Средна Италија:

„Наша главна задача сега е да ги спасиме затрупаните. При тое не смееме уште да користиме тешки машини, бидејќи во поранешните искуства со земјотрес сфативме дека на почетокот мораме да се откажеме од нив.“

Според владини извори, вчерашниот земјотрес од 6,3 степени по Рихтеровата скала оставил без покрив над главата повеќе од 50.000 луѓе. Голем проблем за сите нив, како и за спасувачките екипи, е фактот што земјата уште се‘ тресе.

Според италијанските сеизмолошки служби, по катастрофалниот земјотрес регистрирани се уште околу 200 помали потреси. Премиерот Силвио Берлускони најави итно создавање камп со шатори, каде ќе бидат привремено згрижени преку 20.000 лица.

Zerstörung durch das Erdbeben in L'Aquila Italien

Погодениот регион во Аквила

Пристигнува помош и од странство

Во меѓувреме помош пристига и од Франција, Германија, Грција, Израел и Русија. ЕУ исто така стави на располагање финансиски средства за поддршка на погоденото подрачје.

Изрази на сочувство и поддршка за италијанскиот народ пристигнаа во меѓувреме од повеќе државници, меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама, германскиот претседател Хорст Келер и канцеларката Ангела Меркел, како и папата Бенедикт Шеснаесетти. Од земјотресот се потешко оштетени и повеќе цркви во регионот на Аквила, како и објетки во неколку археолошки наоѓалишта.


ГЧ/дпа/ап

Редактор: Жана Ацеска