1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нови поволности за привлекување странски инвеститори

Македонската влада денеска во Скопје промовираше нов економски проект за привлекување странски инвестиции во Македонија.

Скопје

Скопје

Владата на Македонија денеска во Скопје го промовираше проектот за развој на технолошко – идустриски зони, чекор кој во Македонија треба да донесе нови странски инвеститори, но и да се зголеми конкуретноста во македонската економија. За да се привлечат компаниите за инвестиции владата подготвува и низа мерки и поволности за нив. Проектот веќе предизвика интерес кај странските инвеститори.