1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови оставки во МВР

Уште неколку полициски началници од ДПА, денеска ги замрзнале функциите во МВР. Овој чекор следи по вчерашната неотповиклива оставка на членот на нивната партија, заменик министерот во МВР, Рефет Елмази. Македонскиот премиер Никола Груевски кој е во Португалија ќе донесе одлука за оставката на Елмази откако ќе ја добие, соопшти вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски. Во образложението на неотповикливата оставка на Елмази, како што пренесуваат медиумите, стои дека последниот случај на интервенција на полицијата во селото Танушевци фрлил сенка врз извонредните успеси на ДПА. Субјективно, тој се чуствува невин, но објективно Елмази чуствувал одговорност за обидите да “се оспори придонесот на ДПА во стабилизирање на состојбите во земјата”.