1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови обиди за ослободување на јужнокорејските заложници во Авганистан

*

Амбасадорот на Јужна Кореја во Авганистан настојува денеска да оствари директни разговори со Талибанците за ослободувањето на 21-иот јужнокорејски заложник. Водачот на делегацијата која досега преговараше со Талибанците во меѓувреме соопшти дека сеуште не е постигната согласност за местото на средбата меѓу амбасадорот и претставници на бунтовниците. Јужна Кореја и САД претходно потенцираа дека ќе се настојува заложниците да бидат ослободени без употреба на сила.