1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови напади на полуостровот Синај

Египетската војска на полуостровот Синај е повторно нападната од милитантни исламисти, по што истрела ракети врз осомничените напаѓачи. САД ја поддржуваат владата на Египет во напорите за одбрана од тероризмот.

Милитантни исламисти повторно нападнаа египетски гранични војници на полуостровот Синај. Вооружените истовремено отвориле оган врз повеќе контролни пунктови на египетската армија и полиција во градот Ал Ариш, соопшти војската. Во нападот биле повредени шест лица. Како реакција египетски борбени хеликоптери неколку часови подоцна истрелаа ракети врз напаѓачите. Државната телевизија објави дека биле убиени 20 непријателски борци. Ова е првпат по војната против Израел во 1973 година, силите за безбедност да испукаат ракети во оваа област.

Еден жител од околината изјави дека видел како борбени хеликоптери истрелале ракети околу 30 километри истчно од Ел Ариш. Погодена била област во близина на преминот Рафах кон Појасот Газа.

САД во меѓувреме најавија потесна соработка со Каиро за одбрана од тероризмот. Во телефонски разговор со египетскиот премиер Хешам Кадаил американската државна секретарка Хилари Клинтон изрази поддршка за напорите на владата да ја подобри безбедносната состојба во земјата. Насилниот екстремизам претставува опасност за Египет, за соседите на Египет и исто така за Американците, изјави портпаролот во министерството за надворешни работи Патрик Вентрел.

Ова е втор напад врз египетските сили за безбедност во последниве четири дена. Во неделата беа убиени 16 египетски војници на границата кон Израел и Појасот Газа, кога маскирани атентатори ги нападнаа тамошните гранични пунктови. Зад нападите се претпоставуваат милитантниисламисти.