1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови напади на палестинските територии

Високиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана ги повика палестинските лидери да стават крај на судирите меѓу ривалските групи на Фатах и Хамас. Агенциите јавуваат за најмалку осум загинати припадници на гардата на претседателот Махмуд Абас во напад на приврзеници на Хамас.Нападот се случува само ден откако официјални претставници на Хамас и Фатах соопштија дека потпишале примирје. Од минатиот петок во појасот на Газа загинаа 17 лица а десетина се повредени.