1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови напади во Ирак

Во ирачкиот град Кербала, властите спречиле насобраните разлутени луѓе да ја запалат зградата на управата на провинцијата.Народот ја обвинува власта дека недоволно се залага за неговата безбедност.Во вчерашната експлозија на автомобил бомба во овој град загинаа најмалку 60 лица, додека околу 160 се ранети. Детонацијата се случи во пазарен кварт во близина на џамијата Имам Хусеин, која се смета за најголемата светост на Шиитите. Најголемиот број жртви присуствувале на ноќна молитва.

Американската армија инаку јавува за нови загуби,според неа,од петокот загинале најмалку девет нивни војници во Ирак.