1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нови масовни протести во Украина

Десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Киев на нови протести против политиката на претседателот Виктор Јанукович и отфрлањето на договорот за поблиски односи со ЕУ.

Десетици илјади Украинци од повеќе делови на земјата се собраа денеска во центарот на Киев на протести поради одбивањето на претседателот Виктор Јанукович да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ. Демонстрантите ја игнорираат одлуката на властите да забранат протести на неколку плоштади во главниот град, и бараат распишување на предвремени парламентарни избори.

EU Gipfel Litauen Janukowitsch 28.11.2013

Виктор Јанукович

Полицијата со употреба на солзавец и гумени палки ги растури опозициските протести во Киев кои се одржаа вчера на централниот плоштад (30.11). Претседателот Виктор Јанукович ги осуди насилствата на протестите и повика на истрага со која ќе се утврдат одговорните за инцидентите.

Осуда на насилствата стигна и од неколку земји во ЕУ. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле денеска ја повика Украина да ги заштити демонстрантите кои мирно протестираат. „Енергично ја повикувам украинската влада да го обезбеди правото на мирен протест и да ги заштити мирните демонстранти од сите видови закани и насилство“, порача Вестервеле. Тој оценува дека украинскиот граѓани излегле на протести за „Европска Украина“. „Ние ја споделуваме нивната желба Украина да се приближи до ЕУ“, вели Вестервеле.

Јанукович е за ЕУ

Во соопштение по повод 22. годишнина од независноста на земјата, претседателот Виктор Јанукович денеска исто така се заложи за забрзување на процесот на приближување на неговата земја кон ЕУ. Тој меѓутоа додава дека во истовреме сака да ги избегне сериозните загуби за украинската економија и влошувањето на животниот стандард на граѓаните.

„Украина го направи својот геополитички избор. Ние сме европски народ и нашиот историски пат е одреден“, порача Јанукович.

Femen Aktivistin Ukraine Kiew Kiev Proteste EU Regierung

Активистки на Фемен на протестите

Кон крајот на минатата недела Украина одби да го потпиште договорот за асоцијација со ЕУ, како прв чекор во приближувањето кон заедницата. Украинските власти потврдија дека одлуката била донесена под притисок од соседна Русија која се противи на проширувањето на ЕУ кон нејзините граници и ја условува Украина со блокирање на економската помош и испораките на гас и нафта. Според властите во Киев, блокирањето на трговските погодности од страна на Русија би ја чинело земјата околу 20 милијарди долари годишно.

Протестите на приврзениците на приближувањето кон ЕУ во Киев и во други украински градови започнаа уште минатата недела, веднаш откако беше објавено дека Украина нема да го потпише договорот. Во меѓувреме тие добија на масовност, а денеска во главниот град се очекуваат голем број жители на западните, проевропски делови на Украина.