1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нови лицитации околу израчувањето на Ратко Младиќ во Хаг

Генералот на армијата на босанските Срби кој е обвинет за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина , најверојатно ќе биде уапсен и израчен на Хашкиот Трибунал на 10 мај годинава – најави координаторот на Пактото за стабилност во Југоисточна Европа, Ерхард Бусек.

default

„Најновата информација што ја добив е дека Белград сега разгледува можност да го израчи младиќ на 10 мај “- изјави за германскиот весник Зидојче Цајтунг специјалниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бузек . Тој додаде дека таква најава добил од еден висок балкански политички лидер.

Шето повеќе се одлага тој чин , кредибилитетот на Белград ќе опаѓа – предупреди Бузек барајќи во истовремеповеќе решителност од страна на ЕУ.

“Треба да се биде поостар и зборовите да се претворат во дела “ – истакна Ерхард Бусек .

Во меѓувреме Европската Унија го повтори предупредувањето до Белград за нужноста на апсењето на Младиќ.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен по вчерашната средба со министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ порача дека доколку во следните неколку дена не биде уапсен обвинетиот Ратко Младиќ и пренесен во Ден Хаг,нема да биде одржана следната рунда преговори за приклучување на Србија и Црна Гора кон ЕУ закажана за 11 мај:

„За мене ситуацијата е многу јасна . Доколку Ратко Младиќ не се најде во Хаг деновиве, ние нема да имаме друга опција освен да ги прекинеме преговорите“

Оли Рен уште најави дека на 3 мај ќе се сретне со главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте за да добие информации за донесување на одлуката.

Инаку еврокомесарот за проширување во обраќање до српската јавност преку авторски текст во весникот политика оцени дека Србија направила добар напредок во преговорите со ЕУ за стабилизација и асоцијација.

Во случај да се оствари целосна соработка со Хашкиот Трибунал во која клучно е апсењето и израчувањето на Младиќ, Рен предвидува дека постојат реални изгледи Србија и Црна Гора да го склучи тој договор до крајот на годината .

Договорот за стабилизација и асоцијација ќе им донесе значителни предности на граѓаните на државната заедница – потенцираше еврокомесарот за проширување Оли Рен.