1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови критики од Неа демократија за Иванов

Најсилната партија во Грција, конзервативната Неа демократија повторно реагираше на изјава на македонскиот претседател Ѓорге Иванов обвинувајќи ги македонските власти за национализам.

default

Властите во Скопје продолжуваат на линијата на бескомпромисност и национализам за проблемот за името, вели Панос Панајотопулос, одговорен за надворешна политика во Неа демократиа, реагирајќи на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дадена во неделата во Мостар.

„Новите изјави на премиерот на Скопје, Никола Груевски, но и на претседателот на земјата Ѓорге Иванов, што се однесуваат на грчко-скопските односи, покажуваат дека овој режим продолжува на линијата на бескомпромисност и национализам за проблемот со името. За жал, скопското раководство не научи ништо, ниту од бродоломот на нивните напори за време на последниот Самит на НАТО во Чикаго, ниту од исходот на Самитот во Букурешт што претходеше. Затоа е единствено одговорно за ќорсокакот што се забележува за проблемот со името меѓу двете земји, со оглед на фактот дека Грција ги има направено од своја страна сите потребни чекори за да се дојде до трајно и взаемно прифатливо решение“, вели Панајотопулос, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Реакцијата на Панајотопулос следува по изјавата на претседателот Иванов, дадена како одговор на претходни обвинувањата од Неа демократиа дека македонското раководство го дестабилизира регионот.

„Ако станува збор за изјава на лидер на партија кој заедно со Слободан Милошевиќ пред 20 години црташе нови граници на картите на Балканот, тогаш немам коментар“, рече Иванов во Мостар.