1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови крвопролевања во Бангкок

Тајландската армија по повеќенеделните протести на противниците на владата започнаа со расчистување на деловите од главниот град Бангкок запоседнати од демонстрантите. Во престрелките загинале најмалку 5 лица.

default

Масивна операција на војската во Бангкок

Стотици тешко вооружени војници утрината се собраа околу протестниот регион , во централниот дел на Бангкок. Потоа преку разглас беа повикани демонстрантите да ја напуштат запоседнатата област.

Трупите ја започнаа операцијата за расчистување на зоната на протести, напредувајќи со оклопни возила и употребувајќи солзавец. Армиските сили започнаа и да ги отстрануваат барикадите поставени од демонстрантите, наречени „црвени кошули“ и притоа наидоа на отпор.

Thailändische Soldaten in Bangkok FLASH

Загинат италијански новинар

Во градот се слушаат истрели. А бројот на жртвите постојано се зголемува. Светските новински агенции, повикувајќи се на локалните медиуми јавуваат дека утрината во Бангкок загинал и еден италијански новинар.

Тајландската влада тврди дека почетната фаза на акцијата за расчистување на зоната на протести била успешна. Портпаролот Панитиан Ватанајагорн денеска изјави дека војската успешно воспоставила контрола врз Лумпини паркот, област која се наоѓа јужно од зоната на протести. Тој додаде и дека лидерите на „црвените“ кошули избегале од таму. Но, еден од нив, Натавут Саикуа се појави на бината во протестната зона неколку минути пред да зборува владиниот портпарол и изјави дека не избегал. Тајландската влада синоќа привремено ги прекина преговорите со демонстрантите, порачувајќи дека разговори може да има само доколку „црвените кошули“ ги завршат протестите и го напуштат протестниот камп што го создадоа во централниот дел на Бангкок.

NO FLASH Unruhen in Bangkok

Предупредување за околу 1000 Германци што живеат во Бангкок

По почетокот на операцијата на војската, германската амбасада во Тајланд ги повика германските државјани во Бангкок да останат во своите домови. „ Може да се смета на тоа дека операцијата ќе трае цел ден“, изјави амбасадорот Ханс Шумахер и изрази надеж дека нема да има големи крвопролевања. Според проценките на амбасадата, во Бангкок живеат околу 1000 Германци.

Инаку според последните информации, во протестите во Тајланд кои траат повеќе од два месеци загинале вкупно 70 луѓе. Само од минатиот четврток наваму, кога ескалираа насилствата, во главниот град Бангкок загинаа повеќе од 40 лица, а преку 300 се повредени.

Автор: СН/ ГЧ/ ртре/ дв

Редактор: Александра Трајковска