1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови искри околу Фолкландските острови

Потрагата по нови наоѓалишта на нафта повторно го распламте спорот околу суверенитетот на Фолкландските Острови. Латиноамериканските земји го поддржаа протестот на Аргентина против дупчењата на британска фирма за нафта.

default

Во повторно распламтениот конфликт околу Фолкландските острови, лидерите на државите од Латинска Америка и Карипскиот басен, ја поддржаа Аргентина. На самитот во Мексико беше усвоена декларација во која се говори за легитимното право на Аргентина во спорот со Велика Британија околу суверенитетот над Фолкландските кои уште се нарекуваат и Малвински острови. Аргентинската претседателка Кристина Фернандес де Кирхнер во името на нејзината влада и народот на Аргентина им се заблагодари на лидерите на латиноамериканските држави.

Огромни резерви на нафта?

Според Фернендес со најновите дупчења за нафта во водите пред Фолкландските острови продолжува систематското прекршување на меѓународното право што треба да биде почитувани од сите земји па така и од Велика Британија.

Großbritannien Falkland Krieg Einmarsch in Port Stanley Jahrestag

Британците беа победници во војната за Фолкландските острови во 1982 година

„ Прашањето на Малвинските острови е јасен пример за тоа, што се’ е можно во полето на меѓународното право за земјите кои имаат постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тие можат постојано да ги прекршуваат одредбите на Светската организација, додека другите земји се чувствуваат обврзани да ги почитуваат, ако не сакаат да бидат прогласени за непријателски земји или нешто уште полошо“, изјави аргентинската претседателка. Инаку, вчера британска нафтена компанија објави дека започнала со дупчење во водите на Атлантскиот океан пред островите, настојувајќи да се утврди дали во овој дел на јужниот Атлантик има резерви од нафта и колку нејзината експолатација би била економски исплатлива. Геолозите од порано тврдат дека реонот околу островите е богат со нафта, при што во некои проценки се зборува и за 60 милијарди барели, што е многу повеќе од резервите откриени во Северно море кои Белика Британија подолго време ги експлоатира и рамно на некои од најбогатите светски наоѓалишта.

Долг спор кој предизвика и војна во 1982 година

Инаку Аргентина и Велика Британија спорат околу суверенитетот над Фолкландските острови од почетокот на 19 век. Тогаш Велика Британија воспостави управа на нив, а Аргентина постојано ја оспоруваше. Во 1982 година таа изврши инвазија на островите но по двосмесечна војна беше принудена да се повлече.

Во актуелниот спор околу можната експлоатација на нафта владата во Лондон ги отфрли обвинувањата од Буенос Аирес и ја предупреди Аргентина дека нема никаква можност за промена на сегашниот статус на Фокландските Острови кои се британска прекуморска територија.

Автор:СН/ БГ/ртре/дв

Редактор: Жана Ацеска