1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нови инвестиции во ЈИЕ

Интервју со претсетдалот на Европската банка за обнова и развој Жен Лемиер

Претседателот на Европската банка за економска обнова и развој Жан Лемиер, за инвестиционата клима во земјите од Западен Балкан за Радио Дојче Веле оценува:

- Инвестиционата клима се подобри, се забележуваат убави успеси најпрво во Хрватска, каде економскиот развој е добар. За Македонија можам да ви кажам дека инвестициите на нашата банка се зголемуваат во секторот на инфраструктурите, малите и средните претпријатија и приватизацијата. Албанија забележува исто така евидентно економско подобрување, со поголема стабилност, се надевам дека тоа ќе привлече инвеститори. Србија и Црна Гора постигнаа значаен напредок. По падот на Милошевиќ, процесот на реформите е добар со бројни приватизации, изборите, се надевам дека ќе ја појаснат политичката ситуација и во јули Белград јасно ќе застани на патот на реформите.

Претседателот на БЕРД за факторите кои сеуште го спречуваат приливот на диртектни странски инвестиции во земјите од регионот нагласува дека општо земено постои една долга листа:

- Но јас ќе наведам само два фактори. Првиот е почитувањето на правната држава. Тоа значи почитување на договорите, борбата против корупцијата, јасноста на одлуките.

- Второто прашање кое е многу важно за Балканот е капацитетот на земјите за меѓусебна соработка. Бидејќи секој од пазарите е значаен, но да се биде заедно е подобро бидејќи пазарот е поголем. По ова прашање е постигнат напредок, потпишани се повеќе билатерални договори од сите земји.

- Тоа е причината заради која денес го подржуваме развојот на инфраструктурите кои ќе дозволат надминување на границите, со инвестиции за развојот на патната и железничката мрежа, но и за преносот на електричната енергија. Затоа ние вложуваме во проектите кои ќе доведат до заедничка електрична мрежа на балканските земји.

- Ние исто така ги помагаме и приватните инвестиции меѓу земјите од регионот. Бидејќи создавањето на врски, меѓу луѓето кои имаат заеднички интереси кои создаваат заеднички работни места е најдоброто нешто за да се осигура стабилноста. Значи, на Балканот, има две главни задачи, воспоставување на Правната држава со спроведување на реформите и од друга страна меѓусебното отворање на земјите, кое се разбира води и кон отворање и кон Европската Унија.

За идните инвестициони активности на БЕРД во Република Македонија Жан Лемиер ни рече.

- Актуелно ние сме вклучени во реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во Македонија, како заобиколниот автопат околу Скопје. Инвестиравме многу во банкарскиот сектор и во секторот на малите и средни претпријатија и без да навлегувам во детали, ние сега работиме на неколку проекти за приватизација и инвестиции во приватниот сектор.