1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови импулси од Иран околу атомската програма

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера изрази подготвеност за нови разговори околу атомската програма на неговата земја. Притоа треба да се разговара за „взаемните двоумења“ за да се избегнат недоразбирања, рече тој пред илјадници луѓе во Касвин западно од Техеран. За најновиот предлог на меѓународната заедница Ахмадинеџад не се произнесе.

Иран

Иран

Официјалниот одговор на Иран на пакетот на Европјците, Американците, Русите и Кинезите ќе почека уштне некое време. Но првите изјави на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад влеваат малку надеж за брз пробив во позитивна насока.

При јавен говор во Касвин, централен Иран Ахмадинеџад ја повтори добро познатата линија на режимот: Иран радо е подготвен да ги разреши недоразбирањата околу неговата атомска програма и да разговара за работи од взаемен интерес. Но Иран никогаш нема да ги стави своите неотуѓиви права на преговори.

Меѓу овие права според Иран досега секогаш спаѓало и збогатувањето ураниум: но пакетот на 6 сили бара токму да се стопира облагодорувањето, инаку преговорите воопшо и нема да почнат и се закануваат санкции. Ахмадинеџад смета дека ова е нефер закана и предупредува „Преговорите може да се оддржат само во една фер атмосфера, и двете страни би морале да бидат рамноправни, климата да биде фер. Ако си замислуваат дека може да ни се закануваат, тогаш би требало да знаат, дека иранскиот народ одлучно ќе одбие една таква клима.“

Иранскиот народ на ниту еден странец не му дозволува да одлучува за неговата технологија и неговата иднина. Никогаш иранската нација нема да дозволи да биде оттргната од патот на научниот напредок, па колку и да се лутел западот смета Ахмадинеџад „Сакаат да одолговлекуваат, сакаат да сеат раздор меѓу народот и да не оттргнат од нашиот успешен пат. Мора да останеме будни. Секоја рака која се обидува во затворените редови на народот да стави клинец тоа не е рака на народот туку онаа на странец и таа рака одлучно треба да биде одбиена.“

Наредната недела иранскиот претседател патува во Кина, каде ќе се интересеира за тоа колку сериозно стојат Кина и Русија зад заканите со санкции на Западот.

Првите изјави на Ахмадинеџад потврдуваат со овој претседател секоја спогодба во најмала рака ќе биде тешка. Тој досега сепак не затвори ниту една врата за секогаш.