1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови избори во Бугарија најверојатно во април

Бугарскиот парламент со големо мнозинство ја прифати оставката на централно-десничарската влада на Борисов. Редовните избори во Бугарија требаше да се одржат во јули. Сега најверојатно ќе се избира три месеци порано.

Со 209 гласа „за“ бугарскиот парламент ја прифати оставката на владата. Сите парламентарни групи беа „за“ оставката на премиерот Бојко Борисов и неговиот Кабинет. Петмина независни народни избраници гласаа „против“, а еден беше воздржан.

„Само парламентарните избори можат да ја покажат волјата на Бугарите“, изјави вицепремиерот Цветан Цветанов пред гласањето во Парламентот.

Борисов вчера (20.02) до Парламентот упати официјално писмо во кое поднесува оставка на Владата, по осумдневните протести поради зголемување на цената на струјата и мерките за штедење, за време на кои беа повредени и уапсени поголем број луѓе. Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ. Просечната месечна плата изнесува 350 до 400 евра. Незадоволство кај населението предизвикуваат и високата невработеност, како и корупцијата и сивата економија во земјата.