1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нови заложби за фер и демократски избори

Во Тетово пак денеска беше изрешетан штабот н а ДУИ,ден по потпишувањето на Кодексот за фер избори

default

Се засилува кампањата на меѓународната заедница за фер и демократски избори во Македонија.Советот на Европа и ОБСЕ денеска ги собраа претставниците и лидерите на политичките партии на конференција во Скопје за да ги чујат нивните мислења и заложби за изборите на 5 јули да минат во мирна и демократска атмосфера.

-Не очекувам дека ќе се случат нерегуларности пред се поради опсервацијата на Европа која е насочена максимално кон тоа да се одржат фер и демократски избори и пред се транспарантни.Сите овие конференции,сите овие европски организации очекуваат Макдонија да го направи тоа и да покаже дека е зрела на нејзиниот пат кон Европа,но пред се да им покаже на своите сопствени граѓани,бидејќи ним им должи демократски избори,изјави македонскиот амбасадор во Советот на Европа,Елеонора Петрова.

И меѓународните дипломати се оптимисти:

-Гледам големи подобрувања во Македонија и знам дека таа ќе стане полноправна членка на европското семејство,но тоа бара време,а процесот е почнат и Македонија е на добар пат,рече Абдулкади Атис од Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Македонскиот премиер и шеф на СДСМ ,Владо Бучковски,рече дека предуслов за фер и демократски избори е да се признаат резултатите од изборите:

-Мислам дека е време да се погледне реалноста,и покрај тоа што сите се залагаат за фер и демократски избори,да бидат подготвени да ги признаатрезултатите,или како што велат странците,да ги менаџираат очекувањата.А тука нашите ценети колеги од ВМРО ДПМНЕ не се обидуваат да ги менаџираат очекувањата.

Со декларативни изјави дека изборите мора да бидат фер се огласија претставниците на сите политички партии.

-Ги кажавме потребите кои би требало да ги имаме во следните неколку дена и активностите кои треба партите да ги спроведат со единствена цел во Македонија навистина да бидат спроведени регуларни парламентрани избори,рече Весна Јаневска од ВМРО Народна.

И додека се редеа протоколарните партиски изјави за фер избори,никој на конференцијата немаше информација за инцидентот што рано утрото се случи во Тетово:со автоматско оружје беше изрешетан партискиот штаб на ДУИ.Жртви и повредени немаше,но инцидентот фрла сенка пред утрешниот официјален старт на изборната кампања.Вчера сите македонски политички партии потпишаа Кодекс со правила за одржување на изборите.Мотото е –нема избор на изборите,тие мора да бидат фер.