1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови закани за НАТО

Главни теми на самитот на 28-те земји-членки на НАТО (19 и 20.11. 2010) во Лисабон, ќе бидат новата стратегија со која Aлијансата треба да стане пофункционална, како и потесната соработка со Русија.

default

На НАТО му е потребна нова стратегија

Зошто му е потребна нова стратегија на НАТО? Впрочем Студената војна беше завршена речиси десет години пред да биде усвоена сегашната стратегија на НАТО во 1999 година. Но НАТО и понатаму користи застарени категории, смета експертот за безбедност Роланд Фројденштајн од Центарот за европски студии во Брисел, Институт близок до Европската народна партија:

„НАТО се‘ уште е вооружен за конвенционална војна за одбрана при напад врз неговата територија. Оваа закана всушност веќе не постои.“

Нема соосветен стратешки одговор

Bundeswehr Afghanistan Camp Warehouse in Kabul

Планираните промени во Бундесверот се задоцнето, но вистинско решение

Сајбер-тероризмот, напади со хемиско оружје, држави во распад, кои може да претставуваат закана или ширење на атомско оружје и ракетна техника во целиот свет - за многу нови закани НАТО нема соодветен стратешки одговор, смета Фројденштајн. Тоа пред се‘ мора да одрази врз работата на војниците:

„Тоа едноставно значи дека ќе имаме други видови на трупи. Тие мора да бидат поврзани со најмодерните комуникациски средства, да бидат лесни и мобилни. Тоа мора да биде професионална армија.“

Фројденштајн вели дека планираните промени во германскиот Бундесвер се вистинското решение, иако се задоцнети во споредба со некои од земјите-членки на НАТО.

Потребен е систем за ракетна заштита

Anders Fogh Rasmussen

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Но, не се потребни промени само кај војниците, туку мора да се смени и опремата. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен смета дека во новата стратегија треба да биде вклучено и поставувањето на систем за ракетна заштита, кој на пример ќе користи за одбрана против напади од Иран. На последната средба на министрите за одбрана и за надворешни работи во Брисел, Расмусен упати апел до партнерите од Алијансата, за поддршка на спорниот проект:

„Од Самитот очекувам да се донесе одлука за ракетената одбрана. Тоа би бил јасен показател за нашата подготвеност и во времиња на криза да ја подобриме нашата одбрана.“

Нема да има нуклеарно разоружување

Belgien Nato Verteidigungsminister in Brüssel Robert Gates

Министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс по средбата на министри во Брисел

Но, не се спорни само трошоците. И понатаму останува нејасно дали Русија прифаќа соработка околу заштитата од ракетни напади. Предлогот на германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во Брисел, спроведувањето на систем за ракетна одбрана да се поврзе со нуклеарното разоружување, исто и во Германија, не наиде на одобрување. Министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс на средбата во октомври во Брисел категорично возврати:

„Не слушнав ништо за поврзувањето на ракетната заштита со нуклеарното разоружување. Повеќето делегати дури рекоа дека се‘ додека живееме во свет со атомско оружје, важно е НАТО да биде сојуз со атомско вооружување.“

Исто така и Франција е против тоа да се откаже од нејзиното атомско оружје, не само поради одбраната, туку и поради нејзините проценки дека со тоа губи престиж. Така целта да се создаде свет без атомско оружје, како што рече и американскиот претседател Барак Обама, ќе фигурира помеѓу плановите за далечната иднина, без директно влијание врз новата стратегија на НАТО.

Автор: Кристоф Хаселбах / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска