1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови жртви при напад во Ирак

При самоубиствен бомбашки напад во автономниот курдски регион на северот на Ирак убиени се 19 лица, а околу 80 се повредени. Експлозивот сокриен во камион експлодирал пред министерството за внатрешни работи во главниот град на провинцијата, Ербил, соопшти полицијата. Досега курдскиот регион во Ирак беше релативно мирен.