1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови жртви во Сирија

Набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија е засенета од новото насилство врз членови на антивладините активисти во земјата.

Според информации на опозицијата на новите протести ширум земјата против претседателот Башар ел Асад биле убиени најмалку осум демонстранти. Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч критикува дека повеќе стотици политички затвореници се кријат во воените бази.

Исто така и бунтовниците употребуваат насилство: Во провинцијата Дара по се изгледа се убиени четири владини војници- врз нивниот конвој стрелале дезертери на сириската армија.

Набљудувачите на Арапската лига во меѓувреме ја продолжија мисијата со посета на градовите Хама, Дара и Идлиб. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека очекува од набљудувачите „ јасна и ненашминкана слика за ситуацијата во Сирија“.

Автор:АТ/СН/дв/афп

Редактор: Симе Недевски