1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови жртви во Сирија

И покрај апелите од меѓународната заедница, сирискиот претседател Башар ел Асад не запира со крватата пресметка со граѓаните, кои се бунтуваат против неговата власт.

default

Oд Сирија доаѓаат само аматерски фотографии, влезот на странски новинар не е дозволен

Сириската армија вчера убила 52 цивили, од кои 42 во источниот град Деир ез-Зор, а останатите во Хуле во централната провинција Хомс.

Стотици жители на двата града се повредени, соопшти претседателот на организацијата Лига за човекови права Абдел Карим Рихауи.

Илјадници луѓе ги напуштиле градовите. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун уште еднаш го повика сирискиот претседател Башар Ел Асад да го сопре насилството.

Автор: БГ/ТТ/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски