1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови жртви во протестите против палењето на Коранот

Најмалку тројца демонстранти се убиени во обидот да упаднат во седиштето на ОН во Кундуз. Обидот за упад во претставништвото на ОН дојде на петтиот ден од демонстрациите против палењето на Коранот.

„Извештајот што до сега го имаме покажува дека од хоспитализираните тројца се починати, а 47 повредени во денешните демонстрации“, информираше шефот на јавната здравствена установа во Кундуз.

DARF NICHT MEHR VERWENDET WERDEN: Afghanistan Unruhen nach dem Freitagsgebet 24.02.2012

Демонстрантите палеле автомобилски гуми, продавници и автомобили

Демонстрантите се обиделе да упаднат во комплексот на ОН палејќи автомобилски гуми и фрлајќи камења, а полицијата за да ги запре почнала да пука најпрво во воздух, а потоа и кон демонстрантите. Портпаролката на мисијата на ОН во Авганистан Денис Џинмонд го потврди инцидентот, додавајќи дека „организацијата ја проценува состојбата на местото на настанот“. Таа одби да даде дополнителни информации за безбедноста на персоналот во комплексот на ОН, ниту да каже колку луѓе се наоѓаат во него.

Се палеле и продавници и автомобили

Полицијата за сега успеа да го запре упадот во комплексот, информираше портпаролот на авганистанската полиција Сарвар Хусаини, додавајќи дека дополнителни полициски сили се испратени за да го заштитат претставништвото на ОН.

„Тие запалија и неколку продавници и автомобили во градот“, додаде тој, објаснувајќи зошто од различни делови од градот се издига чад.

DARF NICHT MEHR VERWENDET WERDEN: Afghanistan Unruhen nach dem Freitagsgebet 24.02.2012

Полицијата пукала најпрво во воздух, а потоа и во демонстрантите

А, протести против палењето на Коранот денеска има во најмалку пет различни провинции на Авганистан. Но, протестите во другите делови од земјата засега се во голема мерка мирни, информираат авганистанските власти. Во инцидент во Мукар шестмина авганистански војници загинале, а 16 други биле повредени во обид за деактивирање на бомба. Но, тој инцидент не се поврзува со протестите кои траат со денови.

Илјадниците демонстранти излегоа на протести предизвикани предизвикани од палењето на Коранот во американската воена база Баграм во близина на Кабул. Со денешните жртви бројот на настраданите во протестите, кои започнаа минатиот вторник, се искачи на четири, а на ранетите на 85.

Автор: Александар Методијев /афп/ап/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска