1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови жртви во Ирак

*

Во бомбашки напади во Ирак загинаа повеќе од 70 луѓе, а голем број се ранети. Само во центарот на Багдад, според полицијата, загинале 50, а ранети се 60 лица, кога во близината на една шиитска џамија експлодиршае бомба сместена во мал автобус.

Најмалку 14 лица загинаа, а 30 се повредени во два самоубиствени бомбашки напада во градот Баиџи во Ирак. Полицијата соопшти дека цел на нападите биле една џамија и домот на шефот на локалната полиција.