1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови големи демонстрации во Египет

Египетската опозиција со нови големи протести денеска во Каиро има намера да го одржи притисокот врз претседателот Хосни Мубарак. Денеска се очекува и продолжување на започнатите разговори меѓу власта и опозицијата.

default

Демонстрантите и ноќеска останаа на плоштадот Тахрир во Каиро

Илјадници противници на режимот на Хосни Мубарак повторно ја минаа ноќта на плоштадот Тахрир во Каиро во исчекување на најавените нови големи демонстрации. Денеска, како што јавија новинските агенции, се очекува и вториот ден од разговорите меѓу претставници на власта и на опозициските групи. По првата средба за време на викендот опозицијата и демонстрантите не беа задоволни од исходот. Тие и натаму сметаат дека многу од нивните барања остануваат неисполнети, меѓу кои и најважното - заминувањето од власт на претседателот Мубарак.

Самоорганизирана цивилна заштита во Каиро

И додека илјадници гo продолжуваат протестot на плоштадот Тахрир, на улиците во Каиро се формираат групи за цивилна заштита. Жителите на главниот град грижата за безбедноста ја земаат во свои раце:

Ägypten Proteste

Мубарак мора да си замине, инсистираат демонстрантите

„Ние се здруживме тука. Секој ја заштитува сопствената куќа, сопственото семејство. За жал во оваа земја во моментов нема друго решение“, вели еден жител на предградието Гизех во Каиро.

Независна истрага за насилството

Мубарак во меѓувреме, пак, најави создавање независна комисија што ќе го истражува насилството против демонстрантите во изминатите денови. Приврзаници на претседателот минатата недела се пробија на плоштадот Тахрир во Каиро, симболот на отпорот против Мубарак, што предизвика тешки судири со демонстрантите кои бараат негово сменување. Според официјалните податоци во нив загинале 11 луѓе, а околу илјада биле повредени. Според податоците на ОН од почетокот на протестите во Египет пред нешто повеќе од две недели загинале најмалку 300 луѓе.

Египетскиот претседател вчера инаку направи уште еден чекор за смирување на гневот на граѓаните, ветувајќи дека за 15 отсто ќе ги зголеми пензиите и платите на вработените во државната администрација.

Автор:СН/ГЧ/дпа/дв

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM