1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нови германски мажи

Во амбулантите, самопослугите, парковите, има се‘ повеќе мажи со бебиња. Тоа е сликата на новиот германски маж: активен околу децата и во семејството, а сепак секси!

default

И на мажите не им е лесно во ова модерно време, кога наново се дефинираат улогите во партнерството и семејството. А, дека семејството и децата повторно се пристаниште во кое се наоѓа радоста, спокојот и среќата, потврдува се‘ помасовното користење на законот со кој е дадена можност породилното отсуство подеднакво да го користат како мајките, така и татковците.Ова се вклопува и во целите на политиката - до 2010 година, Германија да биде земја со најпогодни услови за семејството што ќе ги обезбедат како законските привилегии во доменот на работното место, така и создавањето инфраструктура за загрижување на децата. Убаво дефинирани определби кои во практиката, меѓутоа, не е едноставно да се применат, иако е се‘ поголем бројот на активните татковци кои се среќаваат во нормалното секојдневие: со деца во колички во самопослуги, во амбуланти, во паркови...

Од традиционален кон модерен тип

„Денес гледаме дека во последниве 10 години има развој и благо поместување на мажите од традиционален кон модерен тип. Кажано низ бројки, традиционални се 27 , наспроти 19-те проценти модерни мажи. Меѓу овие две групи има т.н. балансирачки групи. 24 проценти мажи го прифаќаат она што им одговара од двете споменати категории и немаат ништо против доколку жената добро заработува. Но, најбројни, 30 проценти се оние мажи кои се во потрага, кои ја немаат се‘ уште пронајдено вистинската позиција ниту во општеството и професијата, а уште помалку во семејството. Несигурни се дали да се приклонат кон традиционалните или кон модерните мажи“, објаснува Паул Цуленер, социолог од Универзитетот во Виена, автор на германската студија „Мажите во движење”.

Кристина Кленер од Институтот за стопанство и социологија на Фондацијата Ханс Буклер вели: „Голем број од мажите, односно татковците, се на пат кон своите

Familie mit Kleinkindern

Улогите во семејството се менуваат

нови пристаништа. Но, до таму не се стасани. Сакаат да ја прошират улогата на традиционалниот хранител во семејството. Сакаат да имаат повеќе време за своите деца, сакаат да бидат активни во семејството“, оценува Кленер и дополнува: „Но, мажите не сакаат проширената улога да биде на конто на нивната професионална определба. Не сакаат професионално да бидат ставени во втор план, што е на некој начин противречно. Бројките покажуваат дека има добар број татковци кои користат породилно отсуство. Но, повторно има едно “но”. Станува збор за отсуство од најчесто два месеци, со што многу не се влијае врз ситуацијата во домот. Кога е во прашање пак, скратеното работно време, мажите се мошне воздржани.

Во секој случај, голем број од мажите во денешно време се свртуваат кон семејството, подготвени се повеќе да се ангажираат во домот, иако главно во машки работи.

„Има многу нови татковци. Ова е најава за новото време, но патот до тоа ново време, се чини, е уште долг. Ова го потврдува само една мала информација: Кој останува дома кога е детето болно - само во 15 отсто случаи мажот...“ коментира Паул Цуленер, додека Кристина Кленер има други аргументи: „Новата ситуација целосно ја превртува традиционалната слика. Зашто, најпрво мажот сака да се грижи за децата: да оди на лекар, да организира роденденска прослава, и сл. Спротивно на ова, висококвалификуваната мајка и жена сака и веднаш по породувањето да работи. Претпријатијата не се адаптирани на новата ситуација. Меѓутоа, работите мора да се диференцираат. Има фирми кои се расположени оваа да направат нешто во оваа насока. Но, според нашата анкета, тоа мал е бројот на фирми кои вистински се залагаат да обезбедат погодности за семејствата.“

Дијагнозата на проблемот е прв чекор кон решение

Важно е, меѓутоа, проблемот да се осознае. Во фирмите работите треба да се сменат во насока на новините и користењето породилно отсуство од страна на мажите. Треба да се даде шанса за флексибилното и скратено работно време, да се има резерва персонал кој може да се активира во секое време или интелигентно организирани работни тимови во кои се вклучени различни профили и возраст на вработени. Во тој случај, нема никогаш да е проблем дел од вработените да користат годишен одмор, кога е училишниот распуст.

И покрај актуелната стопанска криза, која влијае секој

Filmszene Die Vorahnung

Ручек денеска готви мажот ми...

трипати да размисли пред да побара неколкумесечно отсуство, се‘ е поголем бројот на мажите кои си земаат време за приновата во семејството. Има различни искуства, но интересен е аеродромот „Франкфурт“ каде работат околу 12.000 лица, од кои само 18 проценти се жени. Во изминатите години, во просек имало по 150 породилни отсуства. Мартина Рост одговорна за еднаквите шанси на половите во „Фрапорт АГ“ го пренесува последниот тренд: „Многу колеги кои ги опслужуваат авионите на пистите и во хангарите, кои работат на товар и растовар, го искористија правото да бидат со своите новороденчиња. Како и во другите претпријатија, поголемиот дел земаат по два месеца слободно, но од 50 случаи има 10 до 12 кои кои користат подолг период. Сметам дека е добар почеток, зашто ја сигнализира промената на културата во претпријатието.

Во една толку машка фирма како „Фрапорт АГ“, Рост одговара како на ваквиот тренд реагира раководниот кадар: „Многу различно, многу различно. И раководните лица се луѓе како и сите, но со посебно големи барања. Мој впечаток е дека реакциите на барањата на колегите за отсуство и посветување на децата зависи од личниот однос на претпоставените кон својата улога во семејството. Ако станува збор за конзервативен тип, тогаш нормално не е воодушевен. Но, ова е регулирано со закон и не може ништо друго да направи освен да се мурти. Други пак, кои се модерни, ги охрабруваат и поздравуваат одлуките да се биде ангажиран татко!“

Горд домаќин и татко

За да се биде ангажиран татко, денес не е доволно еднаш седмично да се мине час-два со синот на фудбалското игралиште. Ова многу добро го знае Јан Енгелс, кој за сопственото искуство за Дојче веле проговори на паузата на еден голем собир на кој присуствуваше, држејки ја во прегратките малата Лена: „Моментно користам породилно отсуство и се грижам за моето дете. Од седумте месеци,

Frau frühstückt im Bett und arbeitet mit Computer

Модерната жена сака по раѓањето на детето што побргу да се врати на работа

пет веќе минаа. Инаку, работам во една невладина организација, но моментно сум домаќин и татко. Се грижам за мојата ќерка и со тоа е исполнет целиот мој ден: будење, капење, повивање, хранење, пазарење, перење...“

Енгелс раскажува дека сопругата е вработена и дека породилното отсуство, кое според законот е 14 месеци, го подделил со нејзе: „Така направивме зашто сметам дека да се биде на отсуство со бебе не е само привилегија на жената, туку од тоа треба да профитира и таткото, мажот. Се согласивме првите седум месеци да бидат слободни за мајката, а втората половина од законски регулираното породилно потсуство да го искористам јас. Потоа сакаме и обајцата да работиме со скратено работно време - секој по 30 часови неделно, со што би имале време заеднички и подеднакво да се грижиме за ќерката. План е претпладне Лена да биде во детска градинка, а попладне ќе се менуваме околу згрижувањето на ќеркичката“, кажува Јан Енгелс, кој го коментира и расположението на работодавачот за неговото отсуство:

„Не, рака на срце мојот работодавач беше отворен, а од друга страна - постои закон и ништо друго не му преостануваше освен да се согласи!“

Слично искусто има и Клаус. Тој е аптекар, а сопругата Хана е пред дипломирање. Синот Михаел има само еден месец и за него се грижи Клаус: „Тоа беше одлука која ја донесовме уште во при планирањето дете. Мене посебно ми беше важно да бидам со детето уште на стартот, со породувањето, да го следам раниот развој во првите месеци. Затоа и ќе настојувам и по отсуството, да работам со скратено работно време и со целосна одговорност да се грижам за поколението, што е улога во која се гледам. Реакциите на мојата одлука беа многу позитивни. Претпоставена ми е една жена, која што го поздрави моето отсуство. Исто така и од страна на колегите немаше отпори“ вели Клаус, додека сопругата Хана го дополнува: „Со оглед на тоа што го дојам нашиот син, ќе работам дома. Поточно, сега ги завршувам студиите и мислам дека и за мајката е многу значаен активниот татко. Мојот идеал е: и двајцата родители подеднакво на почетокот и секогаш да се грижат за децата.“

Се‘ тече, се‘ се менува

Ваквиот идеал веројатно го имаат многу жени кои ја имаат или се во потрага по својата втора половина. Впрочем и жените многу се сменија и во последниве децении ги зголемија критериумите и очекувањата од мажите. Затоа и не попусто се вели дека се‘ тече и се‘ се менува.

Кленер тоа го дефинира на овој начин: „Онака како што се менуваат жените, можат и треба да се сменат и мажите. Но, не во смисла дека партнерите треба да ги променат стопроцентно улогите. Едноставно треба да се дојде до нови комбинации на професионален ангажман и згрижување во семејството. Значи, станува збор за нова слика на мажевност. За мене е идеал: маж кој презема грижа во семејството, а и покрај тоа е секси!“

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска