1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови борби во Либан

*

Во ново разгорените борби кај палестинскиот бегалски логор Нар Ел Баред на северот од Либан, загинаа двајца либански војници . Единиците на либанската армија и милитантните исламисти од групата Фатах Ал Ислам по подолга пауза повторно водат борби за кампот кој во меѓувреме го напуштија повеќето од некогашните 40 илјади негови жители. Инаку, во досегашните борби за кампот загинаа 138 либански војници, 40 цивили и најмалку 100 екстремисти. Армијата проценува дека во Нар Ел Баред се наоѓаат уште 70-тина екстремисти.