1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нови апсења на опозиционери во Мијанмар

*

Не осврнувајќи се на жестоките меѓународни протести , воената хунта во Мијанмар и натаму продолжува со апсењето на активисти на опозицијата . Во државните медиуми е наведено дека само вчера биле приведени 80 лица . Тие се обвинети за учество во мировните протести против военото раководство на земјата , што се случуваа пред речиси две недели . Според податоците од државните медиуми , од насилното задушување на протестите наваму во земјата се уапсени 2700 лица. Во текот на викендов илјадници лица ширум светот демонстрираат против постапките на воената хунта во Мијанмар.