1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нови апсења на исламисти во Франција

Француската полиција во нова рација против осомничени исламисти уапсила десетина лица. Полициските дејства продолжуваат.

Елитни единици на француската полиција уапсија десетмина осомничени исламисти при операција рано утрово (04.04) во неколку француски градови. Од извори на истрагата се наведува дека акцијата била насочена против лица кои биле овинети дека престојувале, или планирале да престојуваат во Авганистан или Пакистан. Акциите на полицијата биле главно фокусирани во градовите Марсеј, на југот и Рубе, на северот од земјата.

Француската влада, по серијата убиства извршени од исламскиот екстремист Мохамед Мерах во Тулуз, најави поостро постапување против осомничените исламисти. Мерах во серија напади во Тулуз и Монтабан уби седум лица, меѓу нив три деца.

Според полициски извори, досега уапсените лица имаат сличен профил со оној на Мохамед Мерах. Тие не членуваат во определена група, но се радикализираат.

По смртта на Мерах во полициската акција на 22. март, францускиот претседател Никола Саркози побара од безбедносните сили да го проверат степенот на опасност кој произлегува од осомничените лица кои се познати по нивните симпатии за радикално исламистичките идеи. Во петокот, на 30 март, во голема полициска рација веќе беа уапсени дваесетина осомничени исламисти.