1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Новицки и Нојнер- спортисти на годината во Германија

НБА- ѕвездата Дирк Новицки и биатлонката Магдалена Нојнер се избрани за најдобри спортисти на Германија во машка и во женска конкуренција, од страна на спортските новинари. За најдобра екипа е избрана Борусија Дортмунд.

default

Дирк Новиски и Мануела Нојнер

Дирк Новицки е првиот кошаркар во историјата кој бил избран за најдобар германски спортист на годината. Новицки со години наназад е еден од најдобрите кошаркари во најдобрата лига во светот НБА. Тој меѓутоа во 2011 година со неговиот Далас Меверикс конечно го освои шампионскиот прстен и што е уште поважно одигра централна улога во тимот на патот до титулата. Тоа во очите на спортските новинари му донесе предност пред минатогодишниот освојувач на признанието спортист на годината , двократниот шампион во Формула 1 , Себастијан Фетел.

Новицки имено по гласањето на 1500 новинари освои 3668 поени пред Фетел со 3503 и рекордерот по титули европски шампион во пингпонг, Тимо Бол со 1563.

Борусија Дортмунд- екипа на годината

Deutschland Fußball Bundesliga Borussia Dortmund gegen Eintracht Frankfurt Gruppenfoto Meisterschale

Во женска конкуренција пак десеткратната светска шампионка во биатлон Мануела Нојнер со 4620 поени беше избрана пред тенисерката Андреа Петковиќ која освои 2002 поени и алпската скијачка Марија Хефл Риш со 1849 поени. Ова е вторпат по 2007 година симпатичната Нојнер да го освои признанието спортистка на годината во Германија. Таа годинешната круна ја наследува токму од Риш.

Фудбалската екипа на Борусија од Дортмунд со 3409 пеони пак победи во дуелот со минатогодишниот победник - националната фудбалска репрезентација со 2484 поени за признанието најдобар тим во Германија во 2011 година. Борусија Дортмунд на импресивен начин во изминатата сезона ја освои титулата во Бундеслигата. Како и лани повторно трети во изборот беа германскиот осмерец во веслање.

Автор:СН/ЖА/дпа/сид

Редактор: Ж. Ацеска