1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Новите избори се опасна игра!

Политичките случувања во текот на викендов во Македонија го свреа вниманието на дел од европските политичари кои во фокусот го имаат Балканот.Европратеничката Ангелика Беер за македонската програма на радио Дојче Веле коментирајќи ја ситуацијата вели дека новите избори би значеле простување на Македонија од очекуваната покана за членство во НАТО, ни доближување до ЕУ. Со други зборови нови избори за да

Цехот на нестабилноста и нејасните политички односи го плаќаат граѓаните - смета европратеничката Ангелика Беер

Цехот на нестабилноста и нејасните политички односи го плаќаат граѓаните - смета европратеничката Ангелика Беер

се обезбеди евентуално ново мнозинство се опасна игра!

"

Со загриженост го следиме развојот на актуелните случувања во Македонија. Отворено останува дали ДПА како што најави ќе ја напупшти владата. Размислуваме секако за тоа кои би биле последиците од прекинот на коалицирањето на ДПА . Но, и што би се случило доколку ДУИ се врати во Парламентот, а не учествува во владата. Дали тоа би значело нови избори?“ - ги коментира случувањата во Македонија европратеничката Ангелика Беер. Таа смета дека новите избори во сегашната ситуација би значеле затегнатост и немири кај помалите партии. Ова за последица секако би го имало отсуство на очекуваната покана за членство во НАТО и во секој случај никаква покана за почеток на преговорите со ЕУ.

"

Во Македонија се уште во преден план е распределбата на функциите. Секој се обидува својата моќ да ја зголеми на штета другите . Со нестабилност и нејасни политички односи цената ја плаќаат обичните луѓе” смета Ангелика Беер.

"

Имам впечаток дека во моментов станува збор за обид на Груевски да ја прошири својата моќ. Има анкети за тоа како Македонија би избрала во случај на ново изјаснување. Во анкетите тој стои добро. Но, мислам дека во моментов ова е опасна игра - да има нови избори само за да се обезбеди поголемо мнозинство за себе. Груевски мора да знае дека одредени основи од Охридскиот договор нема да ги променат и нови избори. Како што е на пример блокот закони што се однесуваат за правата на Албанците. Македонија е кратко пред одлуката: дали натаму ќе се развива или ДПА ќе ги спроведе своите закани. Односно дали ќе биде чекор поблиску или подалеку од Европа!“ - изјави европратеничката Ангелика Беер за македонската програма на Радио Дојче Веле.