1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Новиот спортски тренд се вика мамиробик

Мајките можат да спортуваат и без да имаат бебиситер за бебињата. Спортување на свеж воздух, заедно со децата - најновиот тренд за мајките по породувањето се вика мамиробик.

Во еден од парковите во Дрезден мајките по породувањето се враќаат во форма, заедно со децата и детските колички. Оваа форма на фитнес на отворено се вика мамиробик. Ивон Шулце е првпат овде: „Треба да се симне нешто од овде, од овде... Се‘ уште имаме по неколку килограми повеќе по бременоста и сакаме да ги симнеме“.

Тренерот Доротеа Фролих ги тренира мајките еден час: „Кренете ја десната нога, потоа испружете ја. Рамената назад, брадата назад...“

Аутдор-фитнесот е тренд во САД, Австралија и Велика Британија. Комбинацијата од кардио и мускулни вежби во Германија има се‘ повеќе приврзаници.

Schwangere Frauen

Бременоста кај секого остава по некој килограм повеќе

„Не се работи само за мускулите, туку пред се‘ за да се врати повторно чувството за телото. Се работи за тоа ние мајките да направиме нешто и нас, а не само да се жртвуваме за децата. Тука мајката е во фокусот и таа може да прави нешто без да мора да ангажира бебиситер“, вели Фролих.

Еден час чини 8 евра. Но мајките за тоа не мора да се грижат, зашто десетнеделниот курс го плаќаат здравствените каси. Бесплатното напрегање се чини се исплаќа.

„Да, многу е напорно, но мислам дека има ефект. Веќе ослабнавме по еден килограм“, вели Ивон Шулце.

Нејзината цел е да симне 10 килограми. Со детската количка како справа за вежбање се надева дека ќе успее.