1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Новиот претседател на Думата е човек од доверба на Путин

Новиот руски парламент денеска (21.12) ја одржа конститутивната седница. За нов претседател на парламентот е избран Сергеј Наришкин, кој важи за човек од доверба на премиерот Владимир Путин.

default

Сергеј Наришкин

За 57-годишниот Наришкин гласаа 238 пратеници во парламентот. Тоа е бројот на мандатите со кои располага владејачката партија во Думата. Против беа 88-мина пратеници. Наришкин изјави дека мнозинството на партијата Единствена Русија, во никој случај не значи „монопол“ во Думата. Тој се залага за „парламентарна дебата“ и сигурен е дека ќе има „сериозни и конкретни дискусии“. Неговиот претходник, Борис Грислов, ја сврте опозицијата против себе со изјавата дека Думата „не е место за дебати“.

Наришкин, кој е човек од доверба на премиерот Владимир Путин, инаку, потекнува од Ленинград, денешен Санкт Петерсбург, исто како и Путин. Во 1990-тите години работел заедно со Путин во регионалната влада во Санкт Петерсбург, а претходно исто така бил таен агент на КГБ. Официјално, меѓутоа, се вели дека работел во советската амбасада во Брисел. Во 2008-ма година беше назначен за шеф на претседателскиот кабинет.

Автор: ЕМФ/афп/дапд

Редактор: Ж. Ацеска