1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Новиот закон за верски заедници носи компромисно решение

Македонскиот министер за правда Михајло Маневски за Дојче Веле открива детали од новиот закон за верски заедници и групи.

default

Министерот за правда Маневски

Новиот закон за верски заедници што владата му го достави на парламентот ги обезбедува верските права и слободи но води сметка тие да не бидат злоупотребени. - Изјави за Дојче Веле минстерот за правда Михајло Маневски. Државата во новиот закон му ја предава на судот надлежноста за регистрација на верските заедници и групи открива Маневски детали од законот.

Според владата ова е компромисно решение за кое беа заинтересирани Македонската православна црква и Исламската верска заедница од една страна и Меѓународната заедница од друга страна. Доколку законот биде усвоен од парламентот судот ќе решава дали ќе се регистрираат непризнатата црква на Јован Вранишковски и Бехтешката заедница.

Маневски тврди дека најновиот предлог закон ќе добие поддршка од Венецијанската комисија и од ОБСЕ но исто така и од МПЦ и ИВЗ. - Мислам дека корелацијата и односите со најголемите заедници постои комуникација и ги поддржуваат решенијата.

Законот за верски групи меѓународната заедница го постави како услов за натамошно приближување меѓу НАТО и ЕУ. Неговото донесување ги проби роковите кои владата си ги постави поради обидите да се обезбеди поддршка од најбројните религии во Македонија што е практично невозможно со оглед на тоа што МПЦ и ИВЗ не сакаат да чујат за легализација на Бектешите и на приврзаниците на Вранишковски.