1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Новини без граници кај мобилните телефони

На најголемиот Саем за мобилна телефонија во светот во шпанскиот пристанишен град Барселона од 14 до 17 февруари се собрани 1.300 изложувачи.

default

Пазарот на мобилни телефони се чини како да нема граници. Годинава се очекува ширум планетата да бидат продадени неверојатни 1,4 милијарди мобилни телефони, што значи зголемување од 8,5% во однос на минатата година. Притоа водечката улога во натамошното ширење на пазарот играат телефоните кои овозможуваат вклучување во интернет во секоја ситуација од секојдневниот живот. Паметните телефони или смарт-телефони кои го овозможуваат тоа се всушност мини-компјутери снабдени со многу силни процесори и со екрани чувствителни на допир, така што корисникот има пристап до сите функции на мобилниот телефон преку допир на екранот во боја. Преку пристапот до светската компјутерска мрежа смарт-телефоните отвораат невидени можности, како читање на електронската пошта додека седите во воз или гледање видео-спотови.

Flash-Galerie Mobile World Congress Barcelona 2011

Новата надеж на Самсунг: Galaxy Tab

Исто така малите компјутери во мобилните телефони овозможуваат директно користење на системите за навигација, како и откривање на разни знаменитости во новото место каде што се наоѓате.

Интересни трендови

Ахим Барчок, уредник на стручното списание за компјутерска техника „Си-ти“, е фасциниран од најновите трендови на саемот во Барселона: „Има многу интересен развој на полето на техниката. Од една страна, хардверот стана многу подобар, сега има процесори со две јадра. Исто така и графичката техника на смарт-телефоните е многу подобрена. Она што е вистинска новост е техниката што овозможува два компјутери да комуницираат еден со друг директно на релативно помала раздалеченост и на тој начин да обезбедат на пример непосредна идентификација на сопственикот на мобилниот телефон.“

Битка за пазарот

На саемот во Барселона се забележува дека меѓу петте најголеми играчи на ова поле успешно се пробиваат и фирми на кои мобилната телефонија не им е изворна дејност. Финскиот концерн Нокиа и понатаму е прв по бројот продадени мобилни телефони, но затоа ја губи битката на полето на смарт-телефоните.

Flash-Galerie Mobile World Congress Barcelona 2011

Сони Ериксон се претставува со „Xperia-play“

Победник во тој сектор е американскиот компјутерски концерн Епл, кој оствари извонреден успех со пласманот на т.н. „ај-фоунс“ - нив само во 2010 ги купија 46 милиони корисници ширум светот. На пазарот на мобилни телефони се води голема битка и околу оперативните системи, при што главни соперници во моментов се компјутерскиот концерн Епл и интернет понудувачот Гугл. Во меѓувреме, освен моќниот Епл со неговиот „ај-фоун“, ниту еден друг производител на смарт-телефони не може да си дозволи во палетата производи да нема барем неколку кои работат со системот на Гугл, Андроид. Двата американски концерна водат битка и на полето на мини-програмите за мобилни телефони, т.н. „апс“. На корисниците на системот Андроид во меѓувреме им стојат речиси исто толку „апс“ на располагање, како и на оние на „ај-фоун“.

Автор: Ролф Венкел / Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска