1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Новинарскиот протест за Кежаровски спречен од специјалната полиција

Околу 200 новинари кои сакаа да одржат протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност беа спречени од припадници на специјалната полиција да стигнат до местото каде требаше да се одржи протестот.

На повикот на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски се одзваа повеќе десетици новинари и медиумски работници. Тие беа пречекани од страна на полицијата веднаш до Камениот мост, која не им дозволуваше да дојдат до Музејот на македонската борба. Дел од новинарите побараа слобода на движење, односно настојуваа да го посетат музејот, образлагајќи дека е празник, 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, на што беше одговорено дека тоа денеска не е дозволено.

Иницијатиовниот одбор за слобода на Кежаровски потоа ги повика новинарите да се фатат за рака и да тргнат кон музејот. Во тој момент стигнаа претходно подготвените и до тој момент во околината затскриени припадници на специјалната полиција, со штитови и шлемови. Тие направија обрач околу присутните новинари на протестот и не им дозволија да се поместат ни чекор напред. Во турканицата која настана и кошкањето меѓу новинарите и специјалците, медиумските работници беа вратени до линијата на Камениот мост. За да се обезбеди ниту еден новинар да не го мине кордонот, повикана беше уште една екипа специјалци, кои им се приклучија на своите колеги. Специјална полиција имаше и кај црквата „Св.Димитрија“.

Новинарите скандирајќи, меѓу другото, „Слобода за Кежаровски“, „Кого штитите, кого браните“ и „Ова е полициска држава“, запалија свеќи на треотоарот пред редот специјалци, со намера на тој начин да ја одбележат, како што рекоа, смртта на демократијата во Македонија. Протестот траеше нешто повеќе од еден час.