1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Новинарка или шпионка?

По речиси четири месеци поминати во ирански затвор, американската новинарка Роксана Забери е повторно слободна. Иранскиот апелационен суд ја намали казната од осум години затвор на две години условна казна.

default

Забери работела како слободна новинарка во Иран во изминатите шест години

Уште пред постапката пред второстепениот суд, адвокатот на Забери, Абдолсамад Корамшаи, беше исполнет со надеж: „Нормално, не би можел ништо однапред да кажам, но мислам дека ќе биде ослободена. Во најмала рака, сметам на драстично намалување на првостепената казна“, оптимистички изјави Корамшаи.

Новинарката Роксана Забери е родена и израснала во САД, а од пред шест години живее во Иран. Мајка и` е од Јапонија, а татко и` од Иран. Таа има двојно државјанство, иранско и американско. Според изјавите на татко и`, таа му се јавила кон крајот на јануари и` му кажала дека ја уапсиле поради купување шише вино. Но, му рекла да не се грижи, бидејќи судијата и` ветил дека, ако се` тече како што треба, за неколку дена ќе биде слободна.

Адвокатот на Забери, пак, смета дека таа уште од самиот почеток знаела за што ја обвинуваат: „Ми се јавија нејзините пријатели и одлучив да го преземам случајот. Во последните месеци ја застапував на сите сослушувања. Обвинета е за прекршување на параграфот 508.“

Судбината на Забери стана медиумски спектакл

Reza Saberi mit einem Foto seiner Tochter Roxana Saberi, die in Theran im Gefängnis sitzt

Роксана му се јавила на татко и` да му каже дека е уапсена поради купување шише вино

Параграфот 508 значи нелегално прибирање информации и нивно продавање на непријателите на Иран, во случајов на САД. Роксана Забери работи како слободна новинарка за американските радиостаници „НПР“ и „Фокс њус“, како и за британскиот телевизиски канал „БиБиСи“. Нејзината судбина се претвори во медиумски спектакл. Загриженост искажа и американската влада.

По три месеци од апсењето, иранското судство покрена тужба против Роксана Забери. Таканаречениот Суд на револуцијата на осумнаесетти април ја прогласи Забери за виновна и ја осуди на осумгодишна затворска казна, поради наводната шпионажа. Пресудата предизвика бранувања во меѓународни рамки. Се замеша и американскиот претседател Барак Обама. Тој, обвинувањата против Роксана, ги оцени како неосновани и побара нејзино ослободување. Нејзиниот адвокат смета дека меѓународното внимание било од голема помош во случајот на Забери.

Тешко добиена слобода

Roxana Saberi

На крајот сепак се` добро заврши - Роксана е слободна

Апелациониот суд одлучуваше зад затворени врати, но му требаше повеќе време да ја донесе пресудата. На крај, второстепениот суд го отфрли обвинувањето за прекршување на параграфот 508.

Сега, на Роксана Забери и` се судеше за прекршување на параграфот 505. Тоа значи: нелегално прибирање информации и нивно неуспешно исраќање до непријателите на Иран.

Пресудата на апелациониот суд беше соопштена вчера (11.05.2009): осумгодишната затворска казна се заменува со двегодишна условна казна. Веднаш по изрекувањето на пресудата, Роксана Забери беше слободна и смее да ја напушти земјата. Во наредните пет години нема дозвола да работи како новинарка во Иран.

Автор: Шабнам Нурин / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска