1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Новинарите незадоволни од судиите

Здружението на македонските новинари денеска (11.06) одржа протест пред Основниот Суд 1 во Скопје поради незадоволството од односот на судовите кон новинарите.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјави дека новинарите бараат судиите да ја следат праксата од Европскиот суд од Стразбур. Според ЗНМ, големиот број тужби за клевета против новинари, високите надоместоци за нематеријална штета и долгите и неефикасни постапки се резултат на лошата судска пракса во Македонија.

„Бараме законот да важи за сите, затоа што селективна правда е најголема неправда. Не може новинари да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки. Судиите што нема да го слушнат нашиот глас, во иднина ќе ги соочиме со нивната одговорност пред судскиот совет и пред македонската јавност. Време е одговорноста да се индивидуализира и не може за лошата судска пракса на мала група судии да се прокоцка довербата на целото судство“, изјави Селмани.

Во однос на разговорите за декриминализација, Селмани рече дека доколку власта сака тие да продолжат, треба да ги повикаат претставниците на ЗНМ.