1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Новинарите на нишан

Бројот на убиени новинари во 2012 година достигна ново рекордно ниво. Исто така и голем број блогери и граѓански новинари го губат животот поради својот ангажман, соопшти организацијата „Репортери без граници“.

Во целиот свет оваа година се убиени 88 новинари - повеќе од кога било досега. Ова произлегува од годишниот биланс на организацијата „Репортери без граници“, претставен во Берлин. Според него поради својата работа животот го ризикуваат и интернет-блогерите како и „граѓанските репортери“. Во овие категории бројот на жртвите се зголеми од 5 на 47 лица кои го загубија животот.

Многу од овие жртви доаѓат од Сирија, каде мажите и жените како репортери, фотографи или видео-новинари го документираа секојдневието во војна и прогонувањето на опозиционерите, појаси Михаел Редиске. Меѓу петте најопасни земји во светот, според „Репортери без граници“ покрај Сирија се вбројуваат и Сомалија, Пакистан, Мексико и Бразил.

Најмалку 193 новинари како и 130 блогери и интернет-активисти во моментов се во затвор поради својата работа. Најмногу притворени оваа организација изброја во Турција и Кина. Во Турција во затвор се 42 новинари и четворица медиумски соработнции, додека во Кина во моментов се притворени 30 репортери и 69 блогери и интернет-активисти.

Поврзана содржина