1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Новески оптимист пред мечот против Русија

Се играат квалификационите натпревари за Европското првенство во 2012. Македонија ја пречекува Русија. Репрезентативeцот и капитен на германскиот лидер во Бундеслигата, Мајнц Николче Новески, за ДВ со оценка за играта.

default

Николче Новески

Македонската репрезентација е во меѓупросторот меѓу петочната победа над Андора и денешниот хит-меч во Скопје против Русија. „Не стартувавме онака како што посакувавме. Загубивме во Словачка, игравме нерешено против Ерменија на домашен терен, кадешто сите ја посакувавме победата. Затоа натпреварот против Андора од психолошка гледна точка беше тежок за нас. Но добро е што победивме, освoивме три бодови и сега треба да гледаме понатаму“.

Bundesliga 1. FSV Mainz 05 gegen VfB Stuttgart

Извонреден старт на Мајнц во Бундеслигата

Следниот чекор во групата е против моќната Русија, која во петокот славеше во Даблин над Република Ирска со 3:2 „Знаеме дека Русија е една квалитетна репрезентација, со многу квалитетни играчи, и сугурно тоа ќе биде тежок натпревар за нас.“ Русите беа опонент и во квалификациите за претходното европско првенство. Предводени од Аршавин славеа и во Скопје и во Москва.

Новески се надева на поповолен епилог за Македонија. „Се надевам дека ќе играме добро, ќе го дадеме својот максимум, и со една таква игра имаме доста шанси.“

Со Мајнц на врвот на Бундеслигата

Nikolce Noveski im Eigentorpech

Николче Новески

За Новески, многу поубавата тема за разговор е Мајнц, лидерот во Будеслигата со 7 победи во првите 7 кола. Се согласува дека е тоа старт од сништата. „Никој не очекуваше, ниту ние самите, дека вака добро ќе стартуваме, но има уште многу да се игра во Бундеслигата, сезоната е се’ уште млада. Важно е дака имавме добар старт, треба уште доста да работиме и да останеме сконцентрирани на секој тренинг и на секој натпревар, па останува да видиме каков ќе биде крајот.“

Македонец, капитен на Мајнц! Колку убаво звучи. „Значи многу, тоа е голема одговорност. Јас се трудам да ја исполнам улогата најмногу што можам.“ Николче Новески, 31-годишен, повеќе од една деценија игра во Германија. Вели дека Мајнц засега е средина која за ништо не би ја менувал. „Во Мајнц се чувствувам одлично, имам многу пријатели, имам и договор до 2013 година. Во фудбалот никогаш ништо не се знае, но засега за мене е тука одлично и немам причина за поинакви размислувања.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска