1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нова шанса за Проди

Претседателот на државата Џорџо Наполитано не ја прифати оставката на премиерот Романо Проди

Романо Проди останува премиер?

Романо Проди останува премиер?

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано побара од премиерот во оставка Романо Проди да го постави пред парламентот прашањето за доверба, како начин за надминување на владината криза. Ако добие мнозинство во обата дома на парламентот, неговата влада на левиот центар, која беше на власт од мај 2006-та, ќе може да продолжи со работа.

Во средата Проди поднесе оставка откако во сенатот доживеа пораз при гласањето за владината надворешна политика. Џорџо Наполитано смета дека нема алтернатива за ново издание на досегашниот кабинет. Поради тоа решил да не ја прифати оставката на Проди.

Гласањето за доверба на владата, на кое сега упати претседателот Наполитано, веројатно ќе се одржи кон средината на наредната недела. Проди искажа оптимизам: „Коалицијата ќе се презентира компактна и со нов елан“. Доколку, пак, владата на левиот центар доживее пораз, тоа би ја вратило Италија за многу години назад, оцени Проди. Но, тој и натаму ќе има минимално мнозинство од само два гласа. „Проди нема да биоде во состојба на мир да владее“ – оцени римскиот весник „Ла Република“.