1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова фаза во судењето на Бошковски

На 29 јануари во Ден Хааг ќе почне сослушувањето на сведоците на одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошковски.Тој се товари за вмешаност во убиство на цивили Албанци во 2001 година.

default

Љубе Бошковски

Сослушувањето на првиот од петте сведоци на одбраната на Љубе Бошковски ќе почне на 29 јануари 2008 година, соопшти денеска во Скопје адвокатот на Бошковски Едина Рашидовиќ. Според неа на 28 јануари Хашкиот Трибуналот ќе оддржи претпретресна конференција на која судот ќе ги анализира поднесените документи на одбраната. Според порценките на Рашидовиќ изнесувањето на доказите на свдоците на одбраната на Бошковски нема да траат подолго од еден месец.