1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нова фаза во германско-американските односи

Согласност околу клучните прашања и отворен дијалог околу оние каде има разлики - концепт за „ревитализирање„ на билатералните односи.

Ангела Меркел и Џорџ Буш на прес-конференцијата во Белата куќа

Ангела Меркел и Џорџ Буш на прес-конференцијата во Белата куќа

Германската канцеларка Ангела Меркел утринава се врати од првата официјална посета на САД. По тричасовните раговори со американскиот Претседател Џорџ Буш во Белата куќа Меркел најави нова фаза во меѓусебните односи на двете земји. Таа се заложи за отворен дијалог по сите прашања, нагласуваќи дека околу клучните Германија и САД застапуваат идентични ставови.

„Верувам дека има шанси за интензивирање на нашите односи и дека таа почива врз заедничките искуства, кон кои спаѓаат Авганистан, Балканот и успесите во преговорите за Светската трговска организација.„

И домаќинот Џорџ Буш манифестираше добра волја за подобрување на односите, што беа во тешка фаза поради негативниот став на претходниот канцелар Герхард Шредер кон учеството во Ирачката војна:

„Германија е навистина важна земја во срцето на Европа. Од огромен интерес е Германија да ја преземе водечката улога по суштинските прашања и многу и‘ се радувам на соработката со канцеларката. Мојот прв впечаток е многу позитивен„ – нагласи Буш по тричасовните разговори.

На средбата станало збор и за затворот во Гвантанамо, при што гостинката од Берлин јасно ставила на знаење оти не се сложува со практиката на држење затвортеници без судски процес и можност за одбрана. Домаќинот пак остана на позицијата дека Гвантанамо е нужна појава во борбата против тероризмот. Според него затворениците се третираат хумано.

Буш и Меркел манифестираа меѓутоа полна согласност околу актуелната криза со атомската орграма на Иран. Буш посочи дека Иран во никој случај не смее да се стекне со атомско оружје. Истовремено и тој и гостинката од Берлин нагласија дека сакаат да најдат дипломатско решение за спорот околу иранската атомска програма.