1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова учебна година - нов универзитет

Македонија ја стартува новата академска година со четири државни и пет приватни универзитети.

default

Премиерот Груевски и ректорот Мартиновски

1 Октомври го означи стартот на студентската учебна година. Новина е државниот универзитет во Штип. Таму и на универзитетите во Скопје, Битола и Тетово годинава се запишаа околу осум илјади студенти. На приватните колеџи ќе студираат уште неколку илјади. Сите имаат големи желби, различни мотиви и оптимистички погледи за својата иднина. Бруцошите се уверени дека го одбрале вистинскиот факултет, а апсолвентите дека ќе завршат навреме и веднаш ќе најдат работа.

Професорите им посакаа успешен старт и им ветија дека по завршувањето на факултетот ќе бидат подготвени добро да котираат на пазарот на трудот.

Studenten - Wirtschaft Fakultät

Студентите пред економскиот факултет во Скопје

Деканот на скопскиот машински факултет Милан Ќосевски им порача - Тоа дека вие ќе бидете квалитетни инжинери за три за четири години, за пет години ќе бидете магистри, а за осум доктори на науки, е дел од имплементацијата на Болоњскиот процес, тоа секако ќе се случи. Но, овој факултет ќе ви понуди и нешто друго, да ја запознаете бизнис климата, бизнис амбиентот, да низ студентски пракси и масовни пракси во домашни и странски компании се подготвите и веднаш од првиот ден бидете со задоволство примени од вашите работодавачи.

По низа неуспешни обиди и иницијативите за отварање на универзитет во Штип конечно по 30 години идејата се реализира. Владата се определи да инвестира во образованието, оти тое е клучно за натамошниот економски развој на земјата рече премиерот Никола Груевски оценувајќи - Владата на Република Македонија препознавајќи ја потребата на општеството од поголем број на кадри од областа на информатичката технологија, како и од областа на применетото машинско инжинерство, кадри кои ќе бидат носители на развојот на македонската индустрија, се определи за зголемување на квотите.

Учебната година за студентите стартува во време кога средношколците со најсилна жестокост се вратија на улиците на протест против полагањето матура.