1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова турска инвестиција во Македонија

По влезот на турската компанија ТАВ во македонскиот авио-бизнис, договорена е уште една турска директна инвестиција во Македонија. Фирмата Борал ќе гради фабрика за алуминиумски профили.

default

Во Истанбул договорена нова економска соработка

Компaнијата Борал Отомотив во Бунарџик ќе гради фабрика за изработка на алуминиумски профили. Зделката е договорена во Истанбул. Потпис од македонска страна стави премиерот Никола Груевски: „За нас ова е важен договор, затоа што практично значи изградба на нова фабрика во Македонија, којашто ќе извезува 150 милиони евра, преку производи во повеќе европски држави, главно во Германија и Турција, но исто така и во други држави, Белгија, Франција, Швацарија итн. Пазари кои и досега ги имал сопственикот на оваа фирма. Ќе почне со околу стотина вработувања. Подоцна би требало бројот на вработувања да расте. Исто така ќе инвестира околу 20 милиони евра.“

За кус рок нова фабрика

Турската компанија планира во најкус можен рок, за шест до осум месеци да ја изгради фабриката. Во неа ќе произведува алуминиумски профили што ќе се користат во автомобилската индустрија и во градежништвото. Предвидено е производството да почне во средината на наредната година.

Македонија со затварањето на скопска Алумина, во текот на транзицијата остана без фабрика за производство на алуминиумски профили, нагласи и премиерот Никола Груевски и додаде дека новата фабрика ќе биде значајна супституција на увозот во земјата.

Skopje Zentrum

Скопје

Како повод да инвестира во Македонија, сопственикот на Борел ги посочи цената на работната сила и другите погодности што се нудат во економската зона Бунарџик, како и неговото потекло од Скопје.

Турција е еден од позначајните трговски партнери на Македонија и еден од поголемите директни странски вложувачи. Минатата недела беше потпишан договорот за преземање на македонските аеродроми од страна на турската компанија ТАВ. Договорот вреден 200 милиони евра предвидува реконструкција на скопскиот и охридскиот аеродром и изградба на карго аеродром во Штип.

Поврзана содржина