1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова Студена војна на повидок?

Американската влада во конфликтот на Кавказот се однесува впечатливо пасивно. Ако кризата потрае, ќе биде одлучувачка и кој ќе биде новиот шеф во Белата куќа. Коментар на Албрехт Циглер

default

Руските војници на Кавказот; Москва не мора да се плаши од Вашингтон

Руските тенкови се на помалку од 100 километри од Тбилиси, а американскиот претседател, кој си зема за право да биде водач на слободниот свет е на одмор на наговиот ранч во Тексас, наместо да остане во Белата куќа. Притоа Џорџ Буш тукушто се врати од релаксирачко патување. Кога руските трупи минатата недела вмаршираа на Кавказот, тој присуствуваше на отварањето на Олимписките игри. На една од двете средби на тој ден со рускиот премиер Владимир Путин, кој впрочем седеше само неколку места понастрана на почесната трибина, според американските медиуми се збрувало со остар тон, но толку и освен неколку млитави изјави на претседателот, на тема Грузија во Пекинг не беше ништо кажано. Дури откако американскиот претседател се врати во Вашингтон употреби поостра реторика и истовремено нагласи, дека спорот не е ниту од руски ниту од американски интерес.

Американската администрација е впечатливо пасивна

Соединетите држави во кризата на Кавказот досега се видливо воздржани. Владата на САД е пасивна. Забележително беше што претседателскиот кандидат на републиканците Меккејн реагираше на конфликтот пред администацијата, и побара повлекување на руските трупи.

Половина година пред крајот на мандатот на претседателот Буш, се чини дека американската влада е речиси не ефикасна. Не е ни чудо што високо квалификувани соработници, кои ја имаа довербата на Буш и го вртат грбот на администрацијата и бараат нова работа, впрочем во јанураи секако би го загубиле работното место. Од оваа влада, Москва не мора многу да стравува, кога агира во позадина.

Обама поумерен од Меккејн

Дали ќе дојде до заострување на односите меѓу САД и Русија зависи од тоа кој ќе биде новиот претседател во Белата куќа. Кризата не го спречи Барак Обама, да замине на одмор на Хаваи. Тој ја осуди руската постапка, но беше поумерен од неговиот противкандидат, Меккејн, од кого потекнува реченицата, кога го гледам Путин во очи, гледам три букви, КГБ.

Меккејн и рускиот премиер имаат една работа заедничка. И двајцата се деца на Студената војна и тежнеат нивната земја да биде водечка сила. Ова објаснува многу за реториката на републиканскиот претседателски кандидат, кој според едногласното мислење на набљудувачите преку неговата одлучност во однос на Русија собира поени, дури во Грузија ги испрати и двајца од неговите најблиски соработници. Нему Обама неможе многу да му се спротивстави.

Ако кризата во Грузија потрае или дури и се влоши, Меккејн и натаму ќе добива поттик. Тој ќе може да профитира од длабоко вкоренетата недоверба на американското население кон Русија, а тоа би можело да му го трасира патот кон Белата куќа. Шпекулација? Не безусловно. Според последните анкети на реномираниот Галуп институт, Обама и Меккеј се изедначени во трката по претседателската функција, и двајцата имаат по 44 проценти. Оттука не може да се исклучи, Меккејн наскоор да биде на исто рамниште со Путин. Ве поздрави Студената војна.