1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова структура на глобалниот финансиски систем

На Светскиот финансиски самит во Вашингтон договорен е акциски план за сеопфатно преструктуирање на светскиот финансиски систем. Лидерите од земјите од Групата 20 задоволни од резултатите на самитот.

default

Групна фотографија на светските лидери- учесници на Самитот во Вашингтон

Тоа беше историски самит. За првпат на заедничка маса за глобалните финансиски теми дискутираа лидерите од групата на 20 најзначајни индустриски држави и земји во развој.

Тие притоа постигнаа согласност дека во борбата против една од најтешките финансиски кризи во историјата е неопходна потесна соработка. На крајот од Светскиот финансиски самит во Вашингтон, шефовите на држави или на влади на државите од т.н Група 20 усвоија заеднички акциски план за сеопфатно преструктуирање на финансиските пазари.

Прилагодување на финансискиот систем на реалноста на 21-иот век

Главна задача е подобар надзор и регулација на глобалниот финансиски систем. До крајот на март 2009-та година , учесниците на самитот треба да изготват конкретни предлози.

Во завршниот документ од Самитот лидерите се обврзаа на принципите на слободниот пазар и отфрлија секаква тенденција за протекционистичка економска политика.

Finanzgipfel Washington

Индустриските држави и земјите во развој на самитот разгледаа и други иницијативи за заживување на економијата.

„Имаше заеднички став дека сите ние треба да следиме политика на поттикнување на економскиот раст. Клучните резултати од нашите разговори се: да се постават конкретни принципи и да се преземат конкретни мерки за да се прилагодат нашите финансиски системи на реалноста на 21-от век“, истакна по завршувањето на самитот, домаќинот, американскиот претседател Џорџ Буш.

Лидерите на државите од Г20 се согласија дека закочените преговори од т.н Доха-рунда за новиот светски трговски договор би требало да завршат, по можност, до крајот на годинава.

По зборовите да следуваат дела

Германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон ги поздрави резултатите од Светскиот финансиски самит.

„Ова беше успешна прва средба на лидерите на земјите од Г20 на која тие пронајдоа разумен и соодветен одговор за финансиската криза“, изјави Меркел. Како најважен заклучок таа го истакна формирањето на мрежа за надзор на светскиот финансиски систем.

Finanzgipfel Angela Merkel trifft in Washington ein und wird von George W. Bush begrüßt

Канцеларката Меркел и претседателот Буш задоволни од исходот на самитот

Актуелниот претседавач со ЕУ, францускиот претседател Никола Саркози, пред се’ ја пофали решителноста на европските учесници на самитот. Претседателот на Светска банка Роберт Зелик побара пак конкретни чекори за поттикнување на коњуктурата.

„Сега е време, по зборовите да следуваат дела“, истакна Зелик.

На 30 април наредната година повторно треба да се одржи средба во истиот состав, зашто едно нешто стана јасно на самитот на Г20 во Вашингтон: Времињата кога најголемите седум индустриски нации ја договараа глобалната финансиска политика меѓу себе се минато и истотака во поголем круг е можно да се постигне согласност.

DW.COM