1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова стратегија на НАТО за Авганистан

Обуката на авганистанските полициски сили е тежишна тема на новата стратегија на НАТО за Авганистан. Како што покажуваат досегашните искуства, за овој потфат ќе биде потребно да се вложат долготрајни напори.

default

НАТО планира да го зголеми бројот на авганистански војници

Бројките јасно покажуваат колку е амбициозна стратегијата за Авганистан. Врховниот командант на НАТО, генералот Стенли Меккристал, сака во наредните месеци да го зголеми бројот на авганистански војници од 100.000 на 171.000. Во Хиндукуш, исто така, треба да работат повеќе полицајци, не како досега само 100.000, туку 134.000. Целта е тие да дадат решавачки придонес за безбедноста. Мотото гласи: Авганистанците треба да се грижат за безбедноста во сопствената земја.

Потребна е подобра обука за полицајците

Der neue Oberkommandierende der US- und NATO-Truppen in Afghanistan Stanley A. McChrystal

Врховниот командант на НАТО, генералот Стенли Меккристал

Обуката веќе започнува, наредната недела во земјата пристигнуваат уште повеќе инструктори. Сепак, нивната задача не е едноставна, смета германскиот потполковник Сандро Визнер, инструктор и воен полицаец: „Постои голема разлика помеѓу скоро необучените и оние кои веќе го завршиле тренингот. Но, просечните полицајци со кои работиме се релативно слабо обучени, така што скоро секогаш мора да почнеме од најосновните знаења. Тука спаѓаат работи како едноставна обука за пукање, до начин на обраќање, за да можат да дејствуваат соодветно на околностите и да не ги шиканираат граѓаните во нивната земја.“

Инструкторите користат алтернативни методи

Symbolbild Korruption in Afghanistan

Во Авганистан се смета дека полицајците се корумпирани

Голем број Авганистанци не знаат ни да читаат, ниту да пишуваат, воопшто немаат или, пак, имаат сосема оскудно образование. Исто така, професијата полицаец во Авганистан е на лош глас. Се смета дека полицајците се корумпирани, слабо платени и тие повеќе претставуваат опасност за џебот на граѓаните, отколку што им се пријатели и помошници. Со ваквите потешкотии се запозна и Алф Дорвајлер, полицаец од Северна Рајна-Вестфалија, кој една година беше во Авганистан, во рамките на мисијата за обука на Европската унија: „Иако мотивацијата беше голема, сепак, концентрацијата беше слаба, по еден час или два во секој случај мораше да се направи подолга пауза. Згора на тоа, авганистанските полицајци редовно се молат и од тоа не отстапуваат. Со тоа се оддолжува и успорува постапката.“

Дорвајлер вели дека материјалот за обуката, кој на почетокот го донесле од Германија, најпрво не се користел. Наместо тоа, се употребувале алтернативни концепти. Така на пример, инструкторите го објаснувале однесувањето во уличниот сообраќај со автомобили играчки, а не со текстови.

Ќе истраат ли земјите кои имаат војници во Авганистан?

Afghanische Polizisten in Kabul

Авганистанските полицајци се грижат за безбедноста

Генералот Карл-Хајнц Латер, шефот на НАТО-генералштабот во Европа, зборува во прилог на обуката: „Како прво, мора да заборавиме на тоа дека полицаецот во Авганистан е ист како оној во Франкфурт, кој стои на главната железничка станица и го регулира сообраќајот. Нормалниот полицаец, кој работи на терен во регионот Кундус, е сличен со поранешните сојузни граничари во Германија. Тие се повеќе паравоени сили и се грижат за безбедноста на лице место. Тоа значи дека мора и да се борат.“

Корнелиус Фризендорф од хесенската Фондација за истражување на мирот и конфликтите, гледа критички на стратегијата на НАТО: „Западните држави бараат можности за што е можно побрзо повлекување и затоа сакаат што побргу да го зголемат бројот на авганистанските безбедносни сили. Но, ним не им е важен само квантитетот, туку и квалитетот. Реформата на полицијата, како што покажаа искуствата од другите конфликтни региони, трае повеќе години, дури и децении.“

Сепак, повеќе земји-членки на НАТО дотогаш можеби ќе го изгубат трпението, поради нивните војници кои се испратени да се борат во Хиндукуш.

Автор: Кристоф Пресл / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска