1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова рунда преговори

Македонскиот преговарач Никола Димитров денеска и утре ќе разговара со медијаторот Метју Нимиц. Кон крајот на неделата со медијаторот за спорот со името ќе разговара и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

default

Од поранешна средба на медијаторот со двајцата преговарачи

Преговарачот за името Никола Димитров замина во Њујорк, на нови разговори со медијаторот Метју Нимиц. Премиерот, Никола Груевски, не ја прифатил идејата на претседателот, Бранко Црвенковски за претходни консултации на државно-владиниот врв, што инаку досега беше вообичаена практика. Македонскиот претседател Црвенковски, инисистира на интензивни разговори со Атина за да се дојде до фер компромис и да не се блокираат на евро-атлантските процеси на Македонија.