1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нова рунда преговори за Кипар

Лидерите на грчкиот и турскиот дел на Кипар денеска ќе одржат нова рунда преговори со посредство на ОН.

epa02550360 United Nations Secretary-General Ban Ki-moon, Cypriot President and Greek Cypriot leader Demetris Christofias (L) and Turkish Cypriot leader Dervis Eroglu (R) shake hands after the meeting related to reunification talks on Cyprus with Greek Cypriot and Turkish Cypriot leaders at the European headquarters of the United Nations in Geneva, Switzerland, 26 January 2011. EPA/MARTIAL TREZZINI +++(c) dpa - Bildfunk+++

Бан Ки Мун со лидерите на кипарските Грци и Турци, Христофијас и Ероглу

Во Женева денеска ќе се одржи средба меѓу генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, претседателот на Кипар Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу. На средбата, трета по ред во последните неколку месеци, ќе биде направен обид да се даде поттик на преговорите за решавање на кипарскиот проблем. Христофиас изрази надеж дека средбата ќе покаже подобри перспективи за текот на преговарачкиот процес за островот, додека Ероглу изјави дека ако кипарските Грци работат напорно, можно е да биде најдено решение за проблемот до крајот на 2011 година или најдоцна до крајот на март 2012 година.

Досегашните две средби во овој формат како и разговорите водени под покровителство на ОН не дадоа резултат во постигнувањето договор за решавање на проблемот со поделениот Кипар.

Автор: АТ/миа

Редактор: Горан Чутаноски