1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова рунда преговори во Виена

Во Виена продолжуваат грчко-македонските преговори околу спорот за уставното име со посредство на преговарачот на ОН, Метју Нимиц. Какви се позициите и дали има шанси за решение на спорот пред клучниот самит на НАТО?

default

Виена

Денеска стартува новата, клучна, а можеби и последна рунда преговори на Македонија и Грција околу името. Македонската преговарачка екипа замина во Виена со надеж дека ќе се најде решение.

Македонската позиција е малку омекната со можноста за отстапка што ја најави шефот на државата, Бранко Црвенковски. Тој рече: „Ако се најде формулација со некаква додавка или придавка која што нема да значи уривање на националниот идентитет, туку можеби дополнителен опис на нашето државно уредување, мислам дека можеме да ги постигнеме двете цели“.

Ваквата позиција на Македонија станува се‘ поизвесна во услови кога владата функционира со намален легитимитет, без министрите на ДПА. Тука екс-премиерот, Владо Бучковски, го наѕира можното решение за спорот со Грците: „Сметам дека на овој начин товарот, одговорноста се префрла на институциите кои имаат легитимитет – тоа е претседателот и парламентот. Верувам дека во парламентот има силна коалиција за европска и евро-атлантска Македонија, која може да ја истера работата до крај“.

Категорично против компромис што би значел промена на уставното име и натаму е премиерот, Никола Груевски. На прашањето дали е можна некаква отстапка од претходно утврдената позиција, Груевски одговори: „Не“.

Сугестии за Груевски

Амбасадори на НАТО од неколку влијателни земји членки на алијансата, во петокот го предупредиле премиерот Груевски дека веќе нема маневарски простор за импровизации. На Груевски му било сугерирано да ги подготвува граѓаните на грчко вето доколку во наредните денови не биде најдено решение за името. Ако поради спорот со Грција, Македонија ја пропушти шансата да влезе во НАТО на самитот во Букурешт, за тоа ќе треба да чека најмалку пет години, период во кој не е предвидено ново проширување на алијансата.

Во исто време со подготовките за стартот на денешните преговори во Виена, во Скопје се собраа борците од граѓанската впјна во Грција. Тие побараа Атина да ги корегира своите расистички закони за правата на Македонците од егејскиот дел.