1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нова рунда македонско-грчки преговори за името

Во Охрид се одржува средба на преговарачите од Македонија и Грција во спорот околу уставното име,на која присуствува и посредникот,Метју Нимиц.Домаќин на средбата е македонскиот министер за надворешни работи Милошоски

default

Охрид, домаќин на преговорите

Ако ја оставиме историјата зад нас,може да се бара решение прифатливо за двете страни,изајви синоќа во Скопје грчкиот преговарач во спорот со името меѓу Грција и Македонија,Адемантиос Василакис. Тој меѓутоа не ја откри грчката стратегија во најновава рунда разговори. Грчката влада направила џиновски чекор со согласувањето зборот Македонија да се најде во името кое би го прифатила Грција,изјави Василакис. Тој рече дека очекува македонските политичари да бидат внимателни и позитивни.

Според него,прашањето со името не е билатерално,туку мора да биде ставено во контекст на безбедноста и коегзистенцијата на целиот регион.

Каква е македонската позиција

Македонската делегација во Охрид ќе излезе со неколку иницијативи, за да се пресретнат сентименталните историски и психолошки загрижености кај некои грчки политичари. Во викенд изданието на весникот Дневник, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски не открива дали Македонија ќе ја бара правдата пред Меѓународниот суд, ако двете страни не најдат заеднички прифатливо решение со посредство на ОН. Меѓу последните изјави на Милошоски ја регистриравме и оваа:

„Подготвени сме со државата, на која не и’ се допаѓа нашето име, да разговараме на билатерална основа и да видиме што е тоа што ја загрижува.“

Опозицијата ја поддржува владината политика на непопустливост околу уставното име на Македонија. Вчера шефот на СДСМ Радмила Шекеринска сугерираше:

„Сметам дека е навистина лош развојот на настаните, кога во минатата година за првпат прашањето за името почна да се третира како дел од политичките критериуми за евроатланските интеграции на Македонија. Клучно е преговорите да ги водиме во ОН. Не смееме да го напуштаме тоа.“

Медијаторот од ОН во спорот со името,Метју Нимиц, по средбата во Охрид ќе се сретне со претседателот Бранко Црвенковски.Од резултатите на денешната средба ќе зависи и продолжувањето на разговорите околу името во Атина.

Поврзана содржина